Колкава ќе биде казната на Роналдо? Во Јувентус се оптимисти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три дена после мечот со Валенсија во кој Кристиано Роналдо доби црвен картон, во редовите на Јувентус владее оптимизам дека Португалецот ќе добие само еден меч суспензија.

Денес „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус ќе го заштити Роналдо пред УЕФА подржувајќи ја тезата дека Португалецот направил неспортски, а не насилнички потег против Муриљо.

Доколку добие само еден меч суспензија, Роналдо ќе го пропушти мечот со Јанг Бојс на 3-ти октомври, но ќе може да игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.