Која е разликата помеѓу менталниот и физичкиот замор?

Која е разликата помеѓу менталниот и физичкиот замор?

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Експертите се согласуваат во едно – постои разлика помеѓу ментален и физички замор. И тоа е факт. И токму тоа е прашањето што го поставуваат луѓето ширум светот: Зошто сум толку уморен?

Постојат два сосема различни типа на замор кои можат да влијаат на секојдневниот живот, истакнуваат експертите. Тие имаат различни симптоми, но можат да влијаат еден на друг. Разликата помеѓу менталниот и физичкиот замор.

Причини и симптоми на физички замор

Виновниците за физичкиот замор и исцрпеност обично се претренираноста или недостатокот на сон. Многу луѓе веднаш помислуваат дека претренирањето може да важи само за врвни спортисти, но тоа не е така бидејќи, дури и да сте почетник, можете да претерате во споредба со моменталното ниво на кондиција.
Кога зборуваме за претренирање, тренерите истакнуваат дека тоа може да вклучува зголемен пулс во мирување, болки во мускулите што не престануваат во рок од 48 до 72 часа по тренингот, главоболки и намален апетит. Тогаш е неопходно да се направи неколкудневна пауза, за одмор и опоравување.

Недостатокот на сон се наведува како друга причина и тоа е една од најчестите причини затоа што едноставно не спиете доволно или квалитетот на сонот ви е слаб. На пример, можете да го препознаете ова ако сте уморни и по осум или повеќе часа спиење или се будите во „добра“ состојба, а околу 14 часот сте многу уморни. Сепак, тука мора да се направи разлика: „бавноста“ во попладневните часови е нормална, но не до тој степен што буквално ништо да не можете да направите. Лошиот квалитет на сон во голема мера е поврзан со стресот, хормоните и проблемите со тироидната жлезда, а ако препознаете дека тоа може да биде случај и со вас, задолжително контактирајте го вашиот избран лекар.

Причини и симптоми на ментален замор

Менталната исцрпеност и замор се дефинираат како неизвршување ментални задачи кои бараат самомотивација, а таквиот замор ја намалува дневната ефикасност. Во таков период луѓето имаат потешкотии во извршувањето на секојдневните задачи или носењето рутински одлуки, раздразливи се и нерасположени, а одолговлекуваат со обврските.
Во исто време, тоа влијае и на спиењето бидејќи умот не може да се исклучи. Клучот за секаков вид на замор е да направите нешто за себе, без разлика дали е потребно малку време да вежбате или да готвите здрава вечера. Правете го она што ќе ви донесе повеќе енергија. Ако се чувствувате уморни после ручекот, обидете се да одите на прошетка наместо да дремете за да ги наполните батериите до крајот на денот.

Што да се прави во ситуации на ментален и физички замор?

Кога ќе почувствувате некој од овие симптоми, пред да брзате кај лекар, запрашајте се дали спиете доволно, каква е вашата исхрана и дали консумирате премногу шеќер, дали се движите доволно во текот на денот, дали сте под стрес и со кого се дружите – ако поминувате доволно време со вашите сакани и дали се дружите со вистинските луѓе кои ве прават среќни или ве задржуваат? Откако ќе си одговорите искрено на сите овие прашања, најдобро ќе знаете кои се вашите следни чекори…