Која е горната граница на висока температура и влажноста на воздухот која човечкото тело може да ја издржи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои граница на висока температура и влажност во воздухот која човечкото тело може да ја издржи, а овие параметри се мерат со т.н. „термометар на влажната опкруженост“ (wet-bulb thermometer).

Според научниците, климатските промени ќе доведат до зголемување на опасноста од смрт од топлотни удари.

Дури и над апсолутната топлина, каде што сѐ повеќе се поставуваат нови температурни рекорди, отпорот на луѓето се оценува според концептот на „влажна опкруженост“. Високата влажност во топлиот воздух го спречува испарувањето на потта, што пак, е главна алатка на телото за намалување на температурата, а тоа може да доведе до топлотен удар, откажување на органите, па дури и смрт. Тоа значи, дури и млада и совршено здрава личност е изложена на опасност од смрт по шест часа на температура од 35 степени во „Светскиот индекс за влажна температура“ (Wet Bulb Globe Temperature, ВБГТ), посочува ново истражување на НАСА.

– Температура од 35 степени на „влажниот термометар“ досега е постигната повеќепати низ светот, најмногу во Јужна Азија и Персискиот Залив. Бидејќи овие епизоди досега никогаш не траеле повеќе од два часа, нема случај на масовна смртност поврзан со нив, изјави истражувачот на НАСА, Колин Рејмонд, инаку одговорен за научниот труд.

Но, како што температурите растат – јули 2023 година, на пр., беше најтоплиот месец досега забележан на Земјата, епизодите на „влажниот термометар“ ќе се зголемат, предупредуваат научниците. Зачестеноста на достигање на врвот на влажната топлина е повеќе од двојно зголемена во светот од 1979 година, а температури од 35 Целзиусови степени со висока влажност редовно ќе се случуваат во различни делови на светот доколку глобалното затоплување достигне 2,5 Целзиусови степени, се вели во истражувањето.

Јужна и Југоисточна Азија, Персискиот Залив, Мексиканскиот Залив и делови од африканскиот континент се најизложените области.

Инаку, најзасегнати од ваквите промени се децата и, особено – постарите лица кои и онака се најчести жртви на топлотните бранови. Луѓето кои работат на отворено се исто така исклучително изложени на опасност.