Кој виде – виде: Следен пат ваков месечински феномен по 105 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Затемнување и црвена месечина, како двоен феномен на небото над нас, траеше час и 40 тина минути, започнувајќи од 21 часот и 30 минути па се до 23 часоти 15 минути.

Ова целосно затемнување на месечината е најдолгото во овој век. Следно вака долго навлегување на месечината во сенката на земјата треба да се случи за 105 години односно никој сега жив нема да го дочека 9 јули 2123 година за повторно да се види тој спектаткл кој го приредува природата менувајки ги боите на месечината од портокалова преку кафена до темно црвена кога целосно ќе се скрие во сенката на земјата.

Целата оваа небесна убавина стотиците луѓе во земјава кои се собираа да ја погледнат и фотографираат им ја расипа облачноста која ја донесе циклонот флориан.

Од скопското астрономско друштво велат дека иако многу малку се проследи затемнувањето на месечината сепак деновиве ќе може да се видат со телескопте кои ќе бидат поставени на плоштадот и 4 планети што исто така е редок феномен.

Целосното затемнување на месечината можеше да се види од цела Европа голем дел од Азија, Русија, Африка, Блискиот Исток и Австрталија.

Следното сепак делумно затемнување на месечината е 21 јануари но за гледање поатрактивно треба да биде на 21 јули 2019 ако имаме нормално лето без облаци кои нема да ни го расипат и овој природен спектакл.