Кој вели дека Хамилтон не вози Ферари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четирикратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон титулите ги освојуваше со болидите на Мекларен и Мерцедес, но приватно изгледа сака да вози Ферари.

Хамилтон цела сезона водеше борба со Себастијан Фетел и Ферари, но на крајот излезе како победник. Возачот на Мерцедес до титулата стигна на патеката во Мексико, но сега шефовите на германскиот тим можат да бидат лути на него.

Причината е тоа што на социјалните мрежи се појави фотографија од приватното Ферари на Хамилтон.

Хамилтон поседува персонализиран модел „LaFerrari“, суперавтомобил чија вредност преминува милион фунти. Овој модел е продиведен само во 499 примероци, па до него е тешко да се дојде, дури и ако сте богат пилот на Формула 1.