Home Актуелно Кој ќе троши повеќе струја, повеќе и поскапо ќе плаќа – основниот модел кој РКЕ ќе го стави на јавна расправа

Кој ќе троши повеќе струја, повеќе и поскапо ќе плаќа – основниот модел кој РКЕ ќе го стави на јавна расправа

Според базата на новиот модел за плаќање на потрошена струја за домаќинствата кој наскоро од страна на Регулаторната комисија за енергетика ќе биде ставен на јавна расправа, тој што повеќе ќе троши струја, повеќе и ќе плаќа.

Моделот не е дефиниран, но од последните јавни настапи на Марко Бислимовски, директорот на РКЕ, може да се насетат контурите на новиот систем за пресметка на потрошената електрична енергија за домаќинствата. Ќе има три или четири т.н. тарифни блока, кои ќе се однесуваат само на потрошената скапа струја. Овие блокови нема да се однесуваат на потрошената евтина струја.

Сѐ уште не се конечни граничните вредности за тоа колку киловатчасови месечно едно домаќинство ќе може да троши од скапата струја според цена од првиот блок. Кога едно домаќинство ќе потроши повеќе киловатчасови по цена од првиот блок, се оди на пресметка според одредената цена од вториот блок… и така и за третиот и за четвртиот блок.

Од РКЕ најавуваат дека за неколку дена овој модел ќе биде и јавно презентиран, по што би следувала и јавна расправа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…