Кои се симптомите на „арктурус“ – новиот подвид на варијантата омикрон од коронавирусот


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


СЗО го вклучи здравствениот аларм со цел да се следи ширењето на овој подвид со оглед на тоа што се покажува доста позаразен, објаснува д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести во изјава за Канал 5, кој појаснува оти новите подваријанти не значат нова епидемија или ескалација на состојбата.

Иако е потврден во Словенија, кај нас „арктурус“ засега се нема утврдено. Допрва ќе се секвенционираат и анализираат примероци во Имнститутот за јавно здравје, но маските засега нема да се вратат.

-Многу е веројатно дека оваа варијанта ќе биде следната доминантна варијанта, меѓутоа треба воедно да напоменеме и дека појавата на оваа нова варијанта нема да предизвика појава на нов голем бран и инфекции кои ќе резултираат со дополнителни хоспитализации и смртни случаи. Напротив, очекуваме да имаме иста симптоматологија, да немаме зголемување на болни во болничките капацитети, да немаме преполнување на болничките капацитети, да немаме посериозни случаи. Појавата на нови варијанти веројатно ќе продолжи и во иднина, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Симтомите на „арктурис“ се старо-нови, доминираат чешање, конјунктивитис или розево око, високи температури, особено кај дечињата, но досега не се евидентирани сериозни компликации.

-Во однос на останатите симтоми кои се однесуваат на горнореспираторните симптоми и на компликациите што се јавуваат на белите дробови се очекува, особено според она што се гледа во 31 земја каде што е пријавено постоењето на оваа варијанта, можеме да видиме дека има симптоматологија која што е многу слична на претходните, на „крахенот“ на ХББ1.5. Така што, не очекуваме некои сериозни промени, нема потреба од загриженост. Напротив, ова е уште една од варијантите на омикрон што очекуваме да ја поминеме во стабилна состојба, додава Мехмедовиќ.

Тој тврди дека внимателно се следи состојбите, но состанок Комисијата засега нема да има. Нема нови случаи ниту на морбили, а состојбата со заразните болести се оценува како стабилна.

Инаку, во регионот овој сој е потврден во Словенија, каде се размислува за враќање на маските. Задолжително носење на маски засега има само во Индија и тоа во некои делови од земјата, а таму властите повторно алармираат за неопходност од масовно тестирање.