Кои се резултатите по предизвикот да се има секс 30 дена во месецот?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секојдневен секс? Акција во кревететот од која нивото на адреналин ви се подигнува?

Своевремено еден експеримент е прифатен од страна на новинарката на магазинот „Космпполитан“, а ова се нејзините резултати.

Пејсли Гилмур прво не сакала да го проба овој предизвик. Се чинело како невозможна мисија баш секојдневно, 30 дена во низа да има секс.

„Колешката ми го предложи ова. Иако во магазинот пишувам за секс, идејата тоа да го правам еден месец ми беше никаква. Бев мрзелива“, започнува Пејсли.

Меѓутоа, кога темата ја споменала уредничката, таа била воодушевена и кажала дека ќе се обиде.

Предвизикот оригинално тргнал од порталот „Редит“, а правилата се дека партнерите имаат право на вето, не е дозволено нешто што е непријатно и бил дозволен и обичен секс.

„Смислата на сето ова? Да излезам од зоната на комфорт“, опишува Пејсли.

Момчето лесно го убедила на предизвикот, а таа и натаму била скептична.

Првиот ден, имаше секс наутро пред работа, бидејќи правилата наложувале првиот ден да мораат да имаат секс било кога освен во времето пред спиење.

Вториот ден го доживеале првиот неуспех.

„Требаше да пробаме нова поза, а јас баш тој ден сакав да ја измијам косата. Дојдов уморна од работа, ја измив косата и уморна заспав на каучот“, искрено призна новинарката.

Шестиот ден имавме гости, излеговме во град, бевме прилично пијани, па ништо од сексот.

Од седмиот до 13. ден од предизвикот, нејзиниот дечко бил на пат, а и во следните денови имале проблеми.

На крајот билансот бил таков да имаат секс само 14 дена од вкупно 30.

„Мислам дека овој предизвик е тотално е без врска“, заклучи новинарката која по се се’ чувствувала како потполен губитник.

Нејзиното мислење дека овој предизвик е невозможен за луѓето кои тоа го прават, имаат пријатели и семејство. Таа никогаш не била подготвена да се откаже од се поради сексот и смета дека животот и врската ја прават и другите работи со кои треба да уживате со парнерот.