Home Шоубизнис Кога Зеленски се шегуваше на сметка на Путин, а тој се смееше на тоа (ретро снимка)

Кога Зеленски се шегуваше на сметка на Путин, а тој се смееше на тоа (ретро снимка)

Стара снимка на која актуелниот украински претседател, а бивш актер, Володимир Зеленски е вистински хит на социјалните мрежи. Имено, снимката тој стои на сцената и се шегува на сметка на рускиот претседател Владимир Путин, кој, пак, седи во публиката.

Бидејќи многумина на социјалните мрежи не ја разбрале шегата, рускиот новинар Слава Маламуд се обидел да го објасни контекстот. Како што објаснува тој, за време на деведесеттите имало наезда на верижни писма во Русија, а луѓето верувале дека таквото писмо ќе им донесе среќа само ако го препратат на други девет адреси.

„Путин неодамна добил писмо на кое пишува ‘преброј го своето население девет пати и ќе бидеш среќен’“, се пошегувал Зеленски.

Маламуд вели дека Зеленски со ова сакал да го „чепне“ Путин за тогашниот пад на бројот на населението во Русија, но и да имплицира дека Путин ќе остане на власт засекогаш.

Сепак, автентичноста на видеото сѐ уште не е потврдена, односно не е сигурно дека Путин седел во публиката додека Зеленски ја раскажал својата шега.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …