КОГА МЕРАКОТ ПЕЕ: Љубовната приказна на Донка опеана во песната „Сербез Донка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Се посврши сербез Донка, се посврши сербез Донка, тра ла ла ла ла ла ла ла ла ла, сербез Донка на Јаричкови“…така некако почнува една од најубавите македонски народни песни чија нарација извира од вистинската приказна од градските љубовни воздишки, погледи, копнежи и трепети од велешките сокаци и чаршиски излози.

Оваа песна и приказна се инспирација и тематика за документарниот филм посветен токму на оваа македонска народна творба, по сценарио на Оливера Христова и режија на Благој Андреев. Снимките се од Велес (некогаш Титов Велес) од 1986 година.