Home Спорт Дали се спрема најголемиот трансфер на сите времиња!?

Дали се спрема најголемиот трансфер на сите времиња!?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имал состанок со таткото на Нејмар и разговарале за потенцијален трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено, се шпекулира дека Бразилецот треба да го замени Кристиано Роналдо во мадридскиот клуб, иако пред само неколку месеци Нејмар премина во ПСЖ за светски рекорд од 222 милиони евра.

Сепак, „Мундо Депортиво“ тврди дека не е невозможно да се договорат Перез и Нејмар, а познато е дека таткото на фудбалерот е многу важна фигура во водењето на неговата кариера.

Реал беше упорен во намерата да го донесе Нејмар од Сантос во 2013 година, но Барса сепак ја доби битката за потписот.

Нема сомнеж дека вратата на „Сантиаго Бернабеу“ и понатаму е отворена за Бразилецот, во кого „кралевите“ гледаат идеален наследник за Кристиано Роналдо.

Договорот на Роналдо истекува во 2021 година, но Португалецот има пад на формата и ја игра најлошата сезона, па нема да биде изненадување доколку Перез следното лето се одлучи да го продаде.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…