Кога Кејт Мидлтон еднаш му раскина на принцот Вилијам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес тие двајца, како кралски брачен пар, се еден од најпопуларните и најомилени славни парови во светски рамки, бидејќи светот го освојуваат со својот шарм. Но, како и во секоја друга љубовна врска, така и во нивната имало подеми и падови. За еден од нив малку се знае, а донесува прилично интересна приказна.

Потресот во врската меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се случи пред 12 години, кога Кејт на некое време му раскина на младиот, тогаш не така прибран како денес, принц. Кејт го оставила Вилијам порди неговата опседнатост со жени и повеќе не можела да поднесува што тој немал сериозни намери.

За приказната да биде уште поинтересна, Вилијам не западнал нешто во апатија и тага, туку раскинувањето го прославил забавувајќи се со пријателите, каде после неколку чашки алкохол во еден момент извикнал:„Конечно сум слободен!“

Наводно, Кејт во тоа време форсирала свршувачка и брак, додека Вилијам не бил подготвен за таа улога, пренесува британски Express. После неколкумесечен прекин, сепак, подоцна парот се смирил, а Вилијам почнал да ја доживува Кејт многу посериозно.