“Кога ќе изгубиш секакво достоинство“ – фотографија која расплака илјадници жени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Писателката и мајка на четири деца, Џил Краусер, неодамна пронашла фотографија која ја потсети колку е благодарна на медицинските сестри кои се грижеле за неа пред, за време и после породувањето.

Фотографијата ја направила Кети Лесер и ја објавила на страницата Momma Taking Shots, а откако Џил ја споделила истата, фотката во кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да ги заборавам лицата на сестрите кои ме следеа во бањата после секое породување. Во моментите кога бев толку ранлива, уморна, исплашена и потресена ми дадоа само љубезност и почит. За мене овие беа моменти кога сфатив дека имам некој кој ќе ми помогне, барем за тоа кратко време во тоалетот и бањата. Оваа фотографија веднаш ме врати во тоа време“, напиша Џил во описот на фотографијата.

Набрзо после тоа се јавија и други мајки од цел свет за да ги споделат своите искуства.

„Никогаш нема да заборавам како после породувањето го тргнав лицето од градите на сестрата и ја видов нејзината маица сета водена од моите солзи и пот. Реков дека ми е жал за тоа, а таа ми одговори: Драга моја, ова на мојата маица е живот, не би работела на ниту едно друго место. Сега да го извадиме тоа дете“, раскажа една од мајките.

„Засекогаш ќе ја паметам сестрата која ми помогна во бањата прв пат после породувањето. Многу крварев и се чувствував ужасно понижено, но таа не ни трепна. Постојано се извинував, а таа постојано ме убедуваше дека тоа не е никаков проблем. Никогаш нема да заборавам како ми ги чистеше нозете и како Бог токму на ова мислел кога рекол да ги сакаме ближните свои“, коментираше друга мајка.

„Никој всушност не мисли на оние моменти кога штотуку сте се породиле, кога губите секакво достоинство, а вашето тело минало низ нешта кои не сте ни можеле да ги замислите. Ве боли сè, сакате да умрете. Сестрите имаат разбирање за тоа“, беше уште една од бројните исповеди на оваа фотка.