Кога Дедо Мраз во Перу ќе реши да апси нарко дилери (видео)


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Новогодишното „изненадување“ за членови на злоогласената нарко банда Пинто во Перу дојде порано од Нова Година, кога екипа Дедо Мразовци ги изненадиле, но не за да им донесат новогодишни подароци, туку да ги уапсат. 

Оваа операција е изведена со елемент на изненадувања и полицискиот командир Хорхе Лиус Ангуло посочил дека на тој начин го намалиле ризикот од можна вооружена престрелка и голем број на жртви.

Акцијата предводена од „Дедо Мраз“ била успешна и уапсени се четворица дилери, запленети се повеќе од 4.500 кесички кокаин и обезбедени се соодветни докази.