Коевска не успеа да се пласира во финалната вечер на Евровизија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската претставничка на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Андреа Коевска, не влезе во финалето на Евровизија. По синоќешното второ полуфинале од изборот за песна на Евровизија таа не доби доволен број гласови за настап во финалето што ќе се одржи во сабота на 14 мај.

Од Македонската радио-телевизија веднаш по неуспехот најавија дека поради негативниот имиџ во јавноста на проектот Евровизија, што предизвикува негативен публицитет на јавниот сервис, уредничкиот колегиум ја разгледува можноста од следната година МРТ веќе да не учествува на Евровизија.

Во финалната вечер од втората полуфинална веќер во финалето ќе учествуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.