Home Спорт Коби: Ако кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување!

Коби: Ако кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување!

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант, не сака да живее од стара слава, туку се надева дека ќе започне нешто ново во што ќе биде еднакво успешен како во кошарката.

„Доколку кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување“, изјави Брајант.

„Целта е едноставна, сакам наредните 20 години да бидат подобри од претходните 20. Тоа е она што ме движи. Предизвик ќе ми биде да заборавам сѐ што било и да се фокусирам на иднината, а тоа нема да биде лесно. Кариера долга 20 години. Она што го оставив зад себе. Лесно е да се потпирате на такви работи. Тешко е тоа да се остави зад себе и да се фокусирате на изградба на студио, на изградба на нов бренд. Да се движите напред, тоа е најголемиот предизвик“,заклучи освојувачот на пет шампионски титули со ЛА Лејкерс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…