Клоп сигурен: Салах останува во Ливерпул!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд“ и следната сезона, убеден е менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

Салах оваа сезона игра фантастично во дресот на Ливерпул и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид.

„Знам дека Салах се чувствува многу добро во Ливерпул. Тој го познава нашиот стил кој му одговара перфектно. Воопшто не сум загрижен дека може да замине“, изјави Клоп за „Билд“.

Салах е многу блиску од историско постигнува на 40 гола во една сезона, нешто го постигнале само тројца фудбалери во црвениот дрес. Последен кој постигна 40 гола за Ливерпул е Јан Раш во далечната 1987 година.