Клоп не го повика Шаќири за Белград: Не сакаме да се зборува за политика!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул утре и гостува на Црвена Звезда во Белград во рамките на четвртото коло од Лигата на шампиони.

Главната вест е дека тренерот Јирген Клоп не го повика Џердан Шаќири на гостувањето во Белград, а одлуката ја образложи дека не сака да има политички конотации околу неговиот тим.

Швајцарецот со потекло од Косово ги провоцираше Србите на Мундијалот и неговото доаѓање во Белград беше најавени како „ризично“.

„Читавме и слушавме за тоа каков пречек му се спрема на Шаќири, па и покрај тоа што не знаеме што може да се случи, сакаме во Белград 100% да бидеме сконцентрирани на фудбал и да не мислиме на ништо друго“, изјави Клоп.

„Ние сме фудбалски клуб, Ливерпул и не сакаме да се зборува за политика туку исклучиво за фудбал. Треба да се сконцентрираме само на фудбалска игра и не сакаме ништо да го поремети тоа“, додаде германскиот стратег.