Миле до Јанушев: „300 од Тревизо, 120 од Швајцарија, и да ги обезбедиш!“ – ново рочиште за „Титаник“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На новото судско рочиште за случајот на СЈО со изборните нерегуларности на минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ, „Титаник“, се слушаа останатите „бомби“, пренесува Нова ТВ.

Од денешните прислушувани разговори за локалните избори 2013 се дознава дека за гласачите од Пустец кои гласаа во општина Центар, одговорна била Билјана Бришкоска Бошковски. Исто така од разговорот со тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески се дознава дека во општина Центар освен овие од Пустец, гласале и жители на општините Гази Баба, Кавадарци.

„Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат македонски“, вели Јанакиески.

„-Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. По литературно зборуваат од Стојан Андов“, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Центар.

„Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето”, му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.

Во друг разговор меѓу Јанакиески и актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, тогаш вработен во Министерството за транспорт, Јанакиески му наложува да се јави во авиокомпанијата Визер и да обезбеди два авиона од странство со гласачи за Кичево.

„Јави се во Визер. Ако не, јас да се јавам!“, вели Јанакиески, на што Јанушев му одговара: „А бе нема слободни линии, чартер се овие“.

Наредбата од Јанакиески гласи: „300 од Тревизо, 120 од Швајцарија, и да ги обезбедиш!“.