Home Вебкафе Кирибати, Тонга и Самоа се првите земји во светот кои ја дочекаа новата 2022 година

Кирибати, Тонга и Самоа се првите земји во светот кои ја дочекаа новата 2022 година

Над 120 000 жители на Кирибати, како и жителите на Тонга и Самоа, први ја дочекаа Новата 2022 година.

За разлика од остатокот од светот, овие островски нации во Тихиот океан ја дочекуваат новата во релативно стабилна ковид-19 епидемиолошка слика, пред се поради нивната изолираност од остатокот на светот.

Првиот голем град кој ќе влезе во Новата година e Окленд, Нов Зеланд. Но поради пандемијата, откажани се масовните прослави. По Нов Зеланд, новата година ќе ја дочека Австралија. Тамошните власти сепак не ги откажаа огнометите, вклучувајќи го и вообичено впечатливиот огномет во Сиднеј.

Потоа следуваат Јапонија, Јужна Кореја и останатите држави од југоистична Азија. Интресно е што последни Нова година ќе ја дочекаат жителите на Американска Самоа, територија која на едно место се наоѓа само неколку стотини километри разделечност од Самоа, но на другата страна од временската зона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ова е периодот од денот кога сме најтажни – но и најсреќни

Постои ли точно определен момент во денот кога се чувствуваме најрадосни или најподложни н…