Кинезите полека си газат: Еве ги десетте највредни брендови во светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеските компании, полека, но сигурно, се наметнуваат во врвот на највредни светски брендови. Листата со финансиски највредни брендови на светот која беше објавена неодамна, за прв пат содржи две кинески компании.

Компанијата „Алибаба“ влезе во десетте највредни брендови и ѝ се придружи на кинеската технолошка компанија „Тенсент“.

На деветтото место се наоѓа „Алибаба“, основана од Џек Ма, а чија вредност е речиси дуплирана во споредба со претходната година и сега изнесува 113 милијарди долари, откако компанијата ја прошири работата и во клауд-компјутерството и плаќањето со мобилен телефон.

„Тенсент“ се наоѓа на петтото место со вредност од 179 милијарди долари, а во првите десет влезе минатата година. Сега е пред „Фејсбук“. Оваа компанија е специјализирана за онлајн-игри, апликации и сервиси за инстант-пораки и онлајн-плаќање.

Сепак, врвот сѐ уште го држи доминантниот „Гугл“, кој „тежи“ 302 милијарди долари.

Според Дорин Венг, шеф на „БрандЗ“, која се занимава со рангирање на брендовите, кинеските компании минале преку огромни препреки, специфични за Кина, за да се вклучат во друштвото на големите моќници како „Гугл“ и „Епл“.

„Предизвиците со кои се соочуваат кинеските брендови воопшто не се мали. Ограничената свест за овие брендови на меѓународниот пазар, недостигот од доверба поради историските проблеми со квалитетот и тоа што кинеските брендови не сакаат да вложуваат во влијателни глобални рекламни кампањи ги стави во неповолна позиција во однос на конкуренцијата“, истакна таа.

Меѓутоа, напредокот на Кина и разбирањето на младите потрошувачи создадоа нови шанси за паметните претприемачи, оценува Венг.

Еве ја листата со десет највредни светски брендови.

1. „Гугл“

2. „Епл“

3. „Амазон“

4. „Мајкрософт“

5. „Тенсент“

6. „Фејсбук“

7. „Виза“

8. „Мекдоналдс“

9. „Алибаба“

10. „АТ&T“