Home Вебкафе Кинезите ќе носат закон за забрана на ноќно играње онлајн игри за малолетници

Кинезите ќе носат закон за забрана на ноќно играње онлајн игри за малолетници

Кинеските власти најавија законска регулација и ограничување на ноќното играње онлајн игри за малолетни лица. Мерката ќе се воведува со цел да се намали бројот на зависници од видео игри.

Официјалните владини упатства ќе се применуваат за сите платформи за игри преку интернет, особено Tencent, кинеска компанија за социјално вмрежување и видео игри.

Според новите правила, на играчите до 18 години ќе им биде забрането да играат онлајн игри во работните денови од 22:00 часот до 8:00 часот наутро. Во текот на неделата, ќе им биде дозволено да играат видео игри само 90 минути на ден и до три часа на ден за време на викендите и државните празници, пренесува Си-Ен-Ен.

Упатствата, исто така, утврдуваат ограничувања за износот на пари кои малолетните лица можат да ги пренесат преку своите мрежни сметки. Играчите на возраст меѓу 8 и 16 години можат да плаќаат само 200 јуани (околу 26 евра) месечно за игри, додека максималната месечна сума за оние од 16 до 18 години ќе биде 400 јуани (околу 52 евра).

Предлогот за горенаведените упатства беше објавен вчера од кинеската општа администрација за печат и публикација (ГАПП).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…