Home Вебкафе Кинеските ученици со шапки широки еден метар за социјална дистанца

Кинеските ученици со шапки широки еден метар за социјална дистанца

Кинеските училишта почнаа со работа и учениците се вратија во школските клупи после тримесечен прекин на наставата заради епидемијата на коронавирусот. Но, тие се принудени да носат шапки со додатоци широки еден метар за да држат социјална дистанца.

На снимката се прикажани деца што носат рачно изработени шапки со продолжени стапчиња од двете страни за да останат на безбедно растојание од соучениците во училиштето, пренесува „Дејли мејл“.

Децата во Кина се вратија во училиштата кога поминаа повеќе од три месеци дома, додека земјата продолжува да ги отвора и олеснува патните забрани.

Идејата за шапки со стреа од еден метар ја постави основното училиште во Хангџоу во провинцијата Џеџанг во источна Кина.

Директорот, познат по презимето Хонг, рече дека шапките им помагаат на децата да бидат на растојание едни од други.

Наставниците исто така ги замолија децата да направат шапки заедно со своите родители пред да се вратат на училиште.

Од учениците се бара да немаат физички контакт со своите врсници и не им е дозволено да ги допираат шапките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

4 црвени знаци дека си во токсично пријателство

4 ЦРВЕНИ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ВО ТОКСИЧНО ПРИЈАТЕЛСТВО Пријателите се како семејство што самите с…