Кинескиња искрши робот кој го заменил рецепционерот на неговото работно место (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жена во Кина била снимена од надзорните камери во болница како го крши роботот со голема палка. Роботите денес сѐ повеќе ги заменуваат луѓето на некои работни места.

Во Кина, на пример, некои болници ги замениле традиционалните човечки рецепционери со роботски колеги.

Иако ова очигледно има свои предности, може да се покаже и проблематично – за што сведочи неодамнешниот инцидент во кој една жена, навидум исфрустрирана од една од овие машини, го скрши роботот со голема дрвена палка пред сите останати во фоајето.

Бизарниот случај на бес кон робот се случи во Здружената болница на Медицинскиот универзитет Ксужу во градот Ксужоу на 23 април, а видеото набрзо стана вирално.

Според локалните извештаи, жената боледувала од некаква ментална болест и безбедносниот оддел на болницата бил принуден да повика полиција на местото на настанот.

Останува нејасно што точно се случило со жената после тоа. На ова видео има многу коментари: „Еве ти, терминаторе“, „Сара Конор се врати од мртвите“, „Ако дојде апокалипса, ја викаме“…