Home Шоубизнис Киану Ривс ќе биде дел од The Matrix 4: „Тоа е една чудесна приказна“

Киану Ривс ќе биде дел од The Matrix 4: „Тоа е една чудесна приказна“

55-годишниот актер Киану Ривс се приклучил кон филмскиот проект The Matrix 4, за кој изјави дека „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“.

Веќе некое време се знае дека глумецот ќе ја повтори својата улога на ликот Нео и во четвртиот филм на режисерско-сценаристичкиот двоец Лана и Лили Вачовски.

Во The Matrix 4 се враќа и глумицата Кери-Ен Мос, која за американските медиуми изјави дека никогаш не очекувала оти ќе се случи четвртиот дел. Првиот филм беше прикажан 1999, а наредните две продолженија – во 2003 година.

Засега нема информации дали и Лоренс Фишбурн, третиот член на славната актерска тројка од Matrix франшизата, ќе се врати во приказната.

Филмот е засега во претпродукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Промени во актерската екипа на „Бриџертон“ сезона 5: Големо заминување, многу враќања и главна улога сведена на камео

Се очекува петтата сезона на „Бриџертон“ да дебитира следната година, а ние ги имаме сите …