Киану Ривс ги почести членовите од неговиот каскадерски тим со Ролекс часовници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Киану Ривс го одбележа и прослави успешниот крај на снимањето на неговиот нов филм „Џон Вик: Поглавје 4“ со тоа што на членовите на неговиот каскадерски тим им подари нови Rolex Submariner часовници.

Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Ривс во саботата навечер им ги дал часовниците во бистрото Пол Берт во Париз на четворицата каскадери – Брус Ли Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг. Иако часовникот би бил доволен сам по себе, актерот додал персонализирана порака до секој член на тимот, а Маринас во својата приказна на Инстаграм рече дека часовникот му е најдобриот подарок досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lordrodney (@talesfromlordrodney)

Ривс тешко дека би избрал подобар часовник за подарок. Претставен во 1953 година, Submariner е инспирација за огромното мнозинство на модерни часовници за нуркање. Актерот го избрал изданието од септември 2020 година, кое се одликува со футрола од Oystersteel со црна рамка Cerachrom во еден правец, соодветен бројчаник со големи луминисцентни ознаки на часовникот, препознатливата киклопска лупа на Rolex и нараквица Oyster.

Подарокот е уште повпечатлив со фактот дека е многу скапоцено да се добие Ролекс, особено Submariner. Општото зголемување на побарувачката за часовници Rolex, заедно со прекините во синџирот на снабдување поради коронавирус, доведоа до сериозен недостиг на часовници на пазарот. Како резултат на тоа, часовникот, чија препорачана малопродажна цена е 9.150 долари, моментално е речиси двојно поскап.