Кевин Спејси се враќа на филмското платно со улога во „Billionaire Boys Club“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерот Кевин Спејси се враќа на филмското платно со улога во филмот „Billionaire Boys Club“. Ова ќе биде прва негова улога после тешките обвинувања за сексуално вознемирување и злупотреба кои му ја погребаа актерската кариера, како и признанието дека е хомосексуалец.

Филмот „Billionaire Boys Club“ е снимен пред скандалот со обвинувањата за сексуална злупотреба, а во кината стигнува во август, оваа година.

„Се надеваме дека обвиненијата кои се однесуваат на однесувањето на еден од актерите, а кои не беа јавно познати кога беше сниман филмот, не му пречат на ова издание. Одлуката за пуштање на овој филм воопшто не беше лесна“, соопштија дистрибутерите.

Овој филм ја пренесува вистинитата приказна за група млади момци кои во ’80-те години од минатиот век организираат клуб кој треба брзо да ги збогатува преку измами. Спејси го игра ликот на Рон Левин, измамник хомосексуалец кој е убиен откако измамил група луѓе. Неговото тело никогаш не е пронајдено, па некои мислат дека може уште да е жив.

Режијата на филмот ја потпишува Џејмс Кокс, а освен Спејси, во него играат и Ансел Елгорт, Терон Егертон, Ема Робертсон, Суки Вотерхаус и други.