Ќерката од славниот Џеки Чен: „Живеам како бездомник заради родителите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ќерката на славниот холивудски актер Џеки Чен, 19 годишната Ета Нг Чок Лам, во исповедно видео кое го објави на YouTube, открива дека таа и нејзината девојка, канаѓанката Енди Отом живеат како бездомници поради хомофобните родители кои не им дозволуваат да бидат заедно.

Тие две снимиле видео и го објавиле на интернет, а нивната приказна многу брзо стана вирална вест. Сега за овој случај зборуваат и светските медиуми.

Девојките истакнуваат дека тие завршиле на улица и дека се беспомошни. Тие велат дека стравуваат од државните засолништа во Хонг Конг кои ги одбегнуваат бидејќи се сигурни дека ќе ги разделат.

Џеки Чен ја доби ќерката Ета за време на кратката афера со нејзината мајка Илејн Нг Ји Леј, а мајката ја советувала Ета дека е време да стане посериозна личност и да најде работа.

A post shared by @stolenmilktea on

„Не ѝ помогнувам, бидејќи сметам дека ќе започне да работи ако нема пари”, вели грижливата мајка.

Нивната врска Џеки Чен ја нарекува “страшна грешка”, а со ќерката не бил во контакт долги години. Очигледно не ѝ помага ниту финансиски, иако неговото богатство се проценува на повеќе од 390 милиони долари.