Фетиш или лапсус: Макрон на австралискиот премиер – жена ти е „вкусна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за неговиот вкус за женска убавина и привлечност, францускиот премиер Емануел Макрон отсекогаш бил омилен лик и тема на медиумите, поради големата возрасна разлика помеѓу него и неговата сопруга Брижит Макрон.

А сега на тоа се додава уште една негова изјава, овој пат во форма на (најверојатно) јазична грешка во неговото обраќање до австралискиот премиер и неговата сопруга.

За време на заедничката прес-конференција, Емануел Макрон направи лапсус и сопругата на австралискиот премиер Луси Турнбул ја нарече „вкусна“.

Макрон му заблагодари на Турнбул за гостопримството, како и на неговата „вкусна“ сопруга.

„Сакам да ви се заблагодарам за приемот, Вам и на Вашата „вкусна“ сопруга на топлиот дочек“, рече Макрон.

Изјавата предизвика многубројни шеги на сметка на Макрон. Објаснувањето се крие најверојатно во погрешната употреба на англискиот јазик бидејќи зборот „вкусен“ (delicious) на француски се преведува и како убав или пријатен.