Home Вебкафе Ќе паѓа крв во Русија: Русите ги прогласија борбите со голи тупаници за официјален спорт

Ќе паѓа крв во Русија: Русите ги прогласија борбите со голи тупаници за официјален спорт

Министерството за спорт на Русија официјално ги прогласи борбите со голи тупаници за спортска дисциплина, соопшти Федерацијата за бокс на Русија. Почнувајќи од 1 декември, Федерацијата може да организира официјални турнири, пренесува Русија Бијонд.

„Видот натпреварување „борба со тупаници“ е признаен за спортска дисциплина. Исто така, во Федерација за бокс на Русија е формирано одделение посветено на оваа дисциплина“, соопштија од организацијата. Во Русија постојат неколку големи организации кои организираат борби со тупаници, од кои најголеми се „Топ Дог“ (Top Dog) и „Хардкор“ (Hardcore).

Според генералниот секретар на Федерацијата за бокс на Русија Кирил Шчекутјев, Министерството за спорт на Русија побарало да се посвети посебно внимание на медицинските аспекти. Борците ќе треба да поминат детален преглед пред борбите. „Правилникот за спроведување на допинг-контрола ќе го пропише Руската агенција за борба против допинг“, изјави Шчекутјев. „Тој ќе се базира врз примерот на професионалниот бокс. Во борбите за титулата, допинг-контролата ќе биде задолжителна, а во другите случаи незадолжителна“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…