Home Актуелно Катица Јанева во елемент: Груевски не е политичар и не може да бара политички азил! (ВИДЕО)

Катица Јанева во елемент: Груевски не е политичар и не може да бара политички азил! (ВИДЕО)

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очигледно има проблем со термините политичар и политички азил, па тврдеше дека поранешниот премиер Никола Груевски не бил политичар, па не смеел да бара азил.

Во синоќешната емисија „Правда и Неправда“ на 1ТВ, Катица Јанева тврдеше дека Груевски нема право на политички азил, затоа што не бил политичар. На ваквото тврдење интервенираше новинарката Гордана Дувњак, која на Јанева и рече „Велите не е политичар, тој можеби не е политичар на функција но се уште е почесен претседател на политичка партија.“

-Но тоа не значи дека е политичар! – триумфално поентираше специјалната обвинителка, по што новинарката Дувњак, за да ја извади Јанева од очигледните елементарни непознавања, одлучи да ја смени темата.

Изјавата на Јанева е околу 18-та минута од видеото:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…