ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од власта за бегството на Груевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател Никола Груевски моментално се наоѓа во бегство, бара одговорност од Владата за бегството на бившиот премиер на Македонија.

Велат дека политичкиот театар во понеделникот се случил заради покривање на сопствената немоќ и неспособност.

Премиерот Заев вели дека немало никакви пропусти во однесувањето на МВР и дека се било постапено согласно законите. Имало гласини дека некој ќе бега, но не можеле да преземат ништо затоа што немало упатен акт за затвор. Негира дека бегството на Груевски било дел од т.н помирување.

Заев очекува од Унгарија да го екстрадира Груевски и да не ги штити криминалците кои направиле штети за државата.

Македонскиот премиер лично не контактирал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, разговарале само министрите за внатрешни работи на двете држави. Од македонските власти биле побарани информации за какво кривично дело е осуден Никола Груевски. Очекувањата се дека тој ќе се врати назад и ќе ја отслужи казната.