Катица Јанева приватно го тужи Боки 13 за снимањето со мобилен како брои пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившата специјална обвинителка и шефица на некогашното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, приватно го тужи Боки 13 за тоа што без нејзино знаење ја снимал и фотографирал.

Ова денеска беше обелоденето на рочиштето за случајот рекет, кое продолжи во кривичниот суд со докази на одбраната. Според адвокатите на Јанева се работи за фотографијата која беше изведена претходно како доказ а на која се гледа како таа седи на тросед а пред неа има купче од 50 илјади евра.

Тужбата е поднесена уште во март, односно по изведувањето на доказот пред судот, а адвокатите велат дека на овој начин ќе го дискредитираат доказот со кој обвинителката вилма Русковска се обидува да докаже дека Јанева земала рекет. Според адвокатите се работи за нелегално снимање и фотографирање.

Адвокатот на Бојан Јовановски пак реагираше на тоа што не се прифатени за сведоци дел од уредниците во 1ТВ како и поранешниот директор на УБК Горан Николовски. Исто така смета дека судот е неправеден бидејќи на претходното рочиште се појавил вештак кој потврдил дека телефонот на Јовановски не бил воопшто вештачен.