Каталонците на нозе -Пучдемон приведен во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако шпанските власти издадоа меѓународна потерница за апсење на бившиот каталонски водач Карлос Пучдемон, тој беше уапсен во Германија. Веста за апсењето на Пучдемон ја објави неговиот адвокат.

Соочен со заканата од апсење по шпанската потерница, тој ја напушти Финска и отпатува за Белгија, пренесува Ројтерс.

„Пучдемон ја напушти Финска во петокот, откако Мадрид издаде меѓународен налог за апсење, и тргна за Белгија, каде што планира да соработува со тамошните власти во врска со шпанското барање за екстрадициј“а – изјави финскиот пратеник Мико Керне, кој му беше домаќин на Пучдемон во текот на неговата дводневна посета на Финска.

Финската полиција претходно соопшти дека го добила налогот за апсењето и дека ќе почне нормално екстрадициска процедура штом ќе го лоцира Пучдемон, за кого тогаш се веруваше дека се наоѓа во Финска. Во интервјуто за каталонското радио, адвокатот на Пучдемон, Жауме Алонсо Кувељас, претходно сугерира дека неговиот клиент ќе ѝ се предаде на финската полиција. Доколку бившиот каталонски лидер беше уапсен во Финска, ќе следуваше процес за испорачување на Шпанија.

На Пучдемон во Шпанија му се заканува затворска казна од 25 години поради бунт и поттикнување бунт во текот на минатогодишниот референдум за независност на Каталонија. Претседателот на каталонскиот парламент Рожер Торент во меѓувреме го откажа гласањето за претседател на Каталонија. Торент ја донел таквата одлука поради тоа што Жорди Турул, еден од кандидатите за претседател чие присуство е задолжително, не можел да присуствува на седницата. Турул се наоѓа во предистражен затвор, а каталонскиот парламент има рок од два месеца да избере претседател и да формира регионална влада. Доколку не биде испочитуван рокот, ќе следуваат нови избори.