Крај на една кариера: Почина легендарниот Симеон Иванов – Канго


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На шеесет и седумгодишна возраст од животот, по тешко боледување, во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго.

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар. Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.