Home Спорт Кариус не треба да се грижи за иднината: Доби понуда од италијански третолигаш

Кариус не треба да се грижи за иднината: Доби понуда од италијански третолигаш

24-годишниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус имаше кошмарна ноќ во финалето од Лигата на шампиони која сигурно уште долго ќе го „прогонува“.

Германскиот голман поминува низ тежок период, му стигнуваат дури и смртни закани, но има и такви кои се уште веруваат во него.

Имено, претседателот на италијанскиот третолигаш Римини, Џорџо Граси, го повика Кариус да помине неколку дена во истоимениот приморски град, а како роденденски подарок за Германецот, тој е подготвен да му понуди договор во својот клуб.

„Кариус на 22 јуни ќе наполни 25 години и би сакале неколку дена да ни биде гостин во Римини, градот кој секогаш со голема топлина ги пречекуваше неговите сонародници Германци“, истакна Граси.

„Би бил среќен да го сретнам за да му порачам дека е потребна храброст и добро чувство за да се разберат најважните животни лекции, кои воедно се и најтешки“, додава тој.

„Би сакал да му помогнам на Кариус да стане пример за тоа како и во фудбалот и во животот можете да се вратите на свои нозе. За неговиот роденден би му го понудил и ова – договор на една година со фудбалскиот клуб Римини. Ова е идеална прилика за него да ја врати смиреноста, самодовербата и силата да ги следи своите соништа“, сериозен е Граси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…