Home Спорт Кардиф сруши рекорд за трансферот на Сала, но авионот исчезна заедно со играчот!

Кардиф сруши рекорд за трансферот на Сала, но авионот исчезна заедно со играчот!

Кардиф го сруши клупскиот трансфер рекорд и за 17 милиони евра го договори трасферот на Емилијано Сала од Нант, но…

Во овие моменти постои голема загриженост кај фудбалскиот свет, бидејќи авионот со кој Сала патуваше за Кардиф исчезна од радарот.

Станува збор за приватен лет од Нант до Кардиф, а француската полиција потврди дека авионот во моментов се води како исчезнат.

Полицијата потврди дека акцијата за спасување е во тек, активирани се хеликоптери и чамци, но нема ни трага од авионот во кој се наоѓа 28-годишниот фудбалер.

Во последната негова објава на социјалните мрежи, Сала се поздрави со неговите веќе довчерашни соиграчи од редовите на Нант.

Интересно, тој како да претпоставуваше дека нешто лошо ќе се случи, па со денови одбиваше да потпише за Кардиф, иако двата клуба веќе го договорија трансферот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…