Home Вебкафе Пијана работа: Скок од 37 метри „за повеќе лајкови“

Пијана работа: Скок од 37 метри „за повеќе лајкови“

Откако од 11-от кат од еден туристички брод скокна во морските води, 27-годишниот Ник Најдев доби доживотна забрана да се качи на било кој крузер од компанијата Royal Caribbean.

Ник Надјев од Ванкувер заработи доживотна забрана за патување со крузер на Royal Caribbean после скандалозното однесување кое го имал додека патувал со еден нивни брод. Тој со пријателите крстарел по Бахамите, кога при една нивна забава, решил да скокне во морето од височина од 37 метри. Откако скокнал на Инстаграм го објавил видеото , кое го снимале пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Naydev (@naydev91) on

Од морето го собрале во чамец и му наредиле веднаш да се спакува и да го напушти бродот. Ник во коментарите напишал дека бил уште пијан од претходната ноќ кога решил да скокне.

,,Кога се отрезнив, многу ме болеше грбот. Три дена едвај одев, а не можев ниту да спијам од болки.” напишал Најдев.

Од компанијата Royal Caribbean соопштуваат дека освен доживотната забрана за патување , размислуваат и да го тужат Најдев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…