Каракачанов повторно провоцира: Бара од бугарските телевизии да не преведуваат интервјуа од македонски јазик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Партијата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, упати барање и апел до бугарските медиуми да не се преведуваат интервјуа од македонски.

Не сакаме бугарските телевизии да помагаат во спроведување на лажни тези, спротивни на научно докажаните и на бугарската позиција, бараат пратеници на ВМРО-БНД од Советот за електронски медиуми.

Се обраќаат до СЕМ во својство на народни пратеници од парламентарната група на „Обединети патриоти“, бидејќи до нив стигнале бројни сигнали од граѓани кои ја изразиле огорченоста што во вестите и програмите на поголем дел од бугарските телевизии продолжуваат да се испишуваат титлови на бугарски јазик, при емитување на интервјуа со политичари и граѓани од Македонија.

Во обраќањето до СЕМ потписниците на писмото при секое спомнување на македонскиот јазик користат наводници, и епитет „таканаречениот“.