Капацитет од 61 милијарда кубици гас годишно: Русија и Кина го пуштија во оптек „Силата на Сибир“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Кина, Си Ѓинпин, преку телекомуникациски мост официјално го пуштија во оптек еден од најдолгите гасоводи на светот, наречен „Силата на Сибир“, преку кој ќе се доставува гас од Русија во Кина, пренесува Русија Бијонд.

Суровините ќе се транспортираат од центрите за производство на гас во Иркутск и Јакутија до руските потрошувачи на Далечниот Исток и ќе се извезуваат во Кина.

Гасоводот долг неколку илјади километри ќе се полни од огромните наоѓалишта на природен гас во Иркутскиот и Јакутскиот регион на Русија. Околу него ќе се изгради капиларна мрежа на гасни инсталации која ќе дојде практично до секој потрошувач на рускиот Далечен Исток и НР Кина.

„Силата на Сибир“ е проект на руски „Газпром“ и „Кинеската национална нафтена компанија“. Неговата вкупна должина е околу 4000 километри, а преку неговата цевка ќе се транспортираат 61 милијарди кубни метри природен гас, вклучувајќи ги и 38 милијарди кои ќе се извезуваат во НР Кина. Договорот е склучен 30 години, а неговата вкупна вредност е околу 400 милијарди долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.

Гасоводот е промовиран како важна компонента во растечкото стратешко партнерство меѓу Русија и Кина.