Home Спорт Кантона се враќа на „Олд Трафорд“ (видео)

Кантона се враќа на „Олд Трафорд“ (видео)

Кралот се враќа во својот дом! Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона ќе се врати за првпат на „Олд Трафорд“ како фудбалер и ќе го облече дресот на тимот на Светот во добротворниот натпревар на „Soccer Aid for UNICEF“ против Англија на 10-ти јуни.

Кога Кантона пристигна на „Олд Трафорд“ во 1992 година, клубот од Манчестер во тоа време немаше освоено титула 25 години, а Фергусон е на чело на тимот веќе шест, во кои освои само еден трофеј на Англија. Французинот остави голем печат и имаше големо влијание врз развитокот на клубот.

„Нема друго место како дома. Да се вратам на Олд Трафорд, каде ќе биде полно со познати лица, навистина е нешто посебно. Мојата порака е следна: „Soccer Aid for UNICEF“ е посебен меч поради поддршката. Се враќам за да го направам натпреварот на 10-ти јуни неверојатен и ве поттикнувам да се придружите. Да направиме заедно уште една приказна на Олд Трафорд , истакна Кантона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…