Home Актуелно Од Здравство најавуваат плати за приватните специјализанти од месец јуни

Од Здравство најавуваат плати за приватните специјализанти од месец јуни

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од јуни ќе има плати за приватните специјализанти.

Од првиот човек на ресорното министерство беше најавено дека првиот надоместок специјализантите ќе го добијат за месец мај, а вети и дека повеќе нема да дозволи новите лекари за време на специјализацијата да работат бесплатно.

Одлуката на министерот дојде по собирот на специјализантите пред Министерството за здравство каде бараа понудените решенија од министерот да бидат прецизни. Специјализантите велат дека на вчерашната средба министерот им ветил дека ќе бидат вклучени со плата од 26 илјади денари, а друг дел ќе бидат вработени.

„За нас лекарите кои сме на приватна специјализација секој ден поминат со неодреден статус ни е фрустрација. Повторувам, плата мора да има за сите нас во исто време, бидејќи и покрај тоа што сме млади лекари, работиме во Клиниката“, рече Елмедина Асани, специјализант за неврохирургија.

Оваа група приватни специјализанти остана надвор од листата со други специјализанти за кои беше одобрена исплата, бидејќи Министерството списокот го подготвило пред март, кога оваа група специјализанти се запишале на студии. Во Македонија недостигаат околу 380 лекари од различни области.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…