Канје на средба со Трамп: „Овој качкет ме прави да се чувствувам како Супермен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот рапер Канје Вест беше гостин во Белата куќа, на ручек кај претседателот на САД, Доналд Трамп, на кој разговарале за реформите на затворскиот систем. По остварената средба и заеднички ручек, Вест одржа говор во кој ги објаснува причините за неговата поддршка на претседателот на Трамп.

„Има нешто во тоа кога ќе го ставам овој качкет на глава, поради него се чувствувам како Супермер“, меѓу другото изјави Вест.

Трамп со воодушевување го поздрави говорот на Вест. Музичарот беше нападнат од други познати личности за поддршката кон Трамп. „Луѓето очекуваат да гласате за демократите ако сте црнец“, рече Вест.

Заедно со Канје, на ручек кај Трамп беа членот на „Куќата на славните“ во американски фудбал, Џим Браун, ќерката на Доналд, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли изјави дека Трамп и неговите гости разговарале за можни помилувања на затвореници во иднина.

Тие, исто така, разговарале за големиот пораст на криминалот во Чикаго и напорите насочени кон создавање работни места за црните Американци.

Во мај, во посета на Трамп во Белата куќа беше и сопругата на Канје, Ким Кардашијан, која го убеди претседателот на САД да ја помилува Алис Џонсон, која отслужуваше доживотна казна затвор за ненасилно кривично дело, односно дистрибуција на дрога.

Претседателот е посветен на реформа на затворскиот систем и рече дека е отворен за промени во упатствата при изрекување на казни.