Канџа за Касами во Тетово


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, во Тетово добил канџа на неговото возило откако паркирал, а не платил паркинг, пренесува Tetovasot.com.

Тој го паркирал својот автомобил, но не платил 30 денари за паркинг, па надлежните служби му поставиле блокатори.

Од општина Тетово велат дека секој што паркира и не плаќа, е блокиран без оглед чиј е автомобилот. БЕСА не сака да коментира за овој настан.

Во општина Тетово, нема многу паркинг места, на некои улици се плаќа, а на некои не, а некои граѓани паркираат на тротоарите каде ниту полицијата, ниту општината не преземаат мерки за деблокирање на тротоарите од паркираните автомобили.