Канадски суд го уважи емоџито 👍 како валиден потпис на договор – земјоделец остана „изгорен“ од оваа одлука


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судот во Канада донел одлука дека познатото и најкористено емоџи „палец нагоре“ (👍) испратено по порака може да се сфати идентично валидно како и потпис, и претставува прифаќање на одреден договор.

Се работи за случај во кој земјоделец одговорил на текст порака во која компанија му понудила да откупи 86 тони лен по цена од 12,73 долари за бушел, пренесува Оффнет.

Купувачот на земјоделецот по порака му испратил и слика од договорот, барајќи од него „да му го потврди договорот за лен“. Земјоделецот на ова му вратил емоџи од палец нагоре. Кога дошло време за испорака земјоделецот не го исполнил својот дел од договореното и не испорачал лен, главно затоа што во меѓувреме цените драстично се зголемиле.

На судското рочиште, адвокатите на земјоделецот пробале да објаснат дека палецот нагоре значел само потврда дека го добил договорот, а не и дека го прифаќа. Тие објаснуваат дека периодот во кој е одговорено на пораката покажува и дека земјоделецот немал време да го разгледа договорот.

Во пресудата судијата пишува дека судот јасно прифаќа дека 👍 е „нетрадиционален начин за ‘потпишување’ на документ но дека без разлика на тоа во овие околности тоа е валиден начин да се пренесат двете намени на ‘потписот’.“

Како дел од своите аргументи, судијата порачал дека е време судовите да се адаптираат на „новата реалност“ за тоа како комуницираат луѓето.