Камчев синоќа хоспитализиран во Аџибадем Систина


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Орце Камчев од вчера вечерта, со дозовола на Основниот кривичен суд Скопје, од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“. Тој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”.

Од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватната болница во која е и член на директорскиот борд.

Тој е задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.
Деновиве, а можеби и денеска Апелацискиот суд треба да решава по жалбите на одбраната на Камчев за притворот.

Наредното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ е закажано за средината на јануари.