Home Шоубизнис „Каква Кока Кола – пијте вода“ – со еден потег порача Роналдо

„Каква Кока Кола – пијте вода“ – со еден потег порача Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, важи за голем фанатик на здравиот живот, што му овозможува и со 36 години да им парира на далеку помладите противници, кои не му се ниту до колена во физичката подготовка и изгледот на телото.

Поради тоа, не зачудува неговата реакција на денешната прес-конференција пред мечот на Португалија против Унгарија на ЕВРО 2020, кога покажа колку не ги сака газираните сокови, кои, според лекарите, се исклучително штетни.

Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …