Home Шоубизнис Како што тргнала работава, продажбата на музички албуми оди во историјата

Како што тргнала работава, продажбата на музички албуми оди во историјата

Продажбата на музички албуми во САД минатата година доживеала вртоглав пад од 18,2 отсто во однос на претходната 2017 година, а продажбата на песни опаднала за 28,8 отсто.

Овој негативен тренд го покажуваат најновите податоци на фирмата БужАнгл, која ја следи продажбата на музика во САД.

Спротивно на ова, во меѓувреме, музичките стримови, вклучувајќи ги и аудио и видео, се зголемиле за 35,4 отсто.

Од вкупната музика која Американците ја слушале минатата година, 77 отсто било преку услугите за стриминг на музика како Спотифај и Епл, додека 17,3 отсто од тоа било низ продажба на албуми и 5,7 отсто низ продажба на синглови, пренесува „Хина“.

Минатата година, компанијата за купување преку интернет, БестБај, одлучила да престане со продажба на ЦД- дискови, а таа промена е резултата на тоа што се поголем број на издавачки куќи размислуваат за тоа дали воопшто треба албумите да се објават во физички облик.

„Работите се јасни, купувањето на музика излегува од мода“ – пишува магазинот „Ролинг Стоун“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …