Живот

Како се изразува лутината: Најдобар начин да го совладате БЕСОТ

Експерти од Универзитетот „Карнеги Мелон“ заклучија дека јасното изразување на лутината може да го ублажи бесот и со самото тоа да го поштеди здравјето.

Експертите ги замолија испитаниците да решат математичка задача, а во исто време една личност им попречи и се обиде да ги налути. По решавањето на задачата, експертите разговараа со испитаниците, а половина открија како всушност се чувствуваат.

Испитаниците кои своите чувства ги задржаа за себе реагираа на начин кој научниците го нарекуваат „бори се или бегај“, станува збор за филозофска реакција на стрес. Кога телото е под некоја закана тоа инстиктивно автоматски се подготвува за борба: или за да се одбраниме или за да побегнеме од опасната ситуација.

„Иако можеби звучи смешно, препознајте ги своите чувства во текот на некоја стресна ситуација. На тој начин можете да повлечете кочница на непромислена реакција и кај останатите собрани“, истакна Карим Касам, автор на студијата објавена во магазинот PLOS One.

Advertisements
To Top