Home Спорт Како помина состанокот помеѓу Милан и Реал Мадрид?

Како помина состанокот помеѓу Милан и Реал Мадрид?

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан вчера беа во работна посета на Мадрид, каде што имаа состанок со раководството на „кралскиот“ клуб.

Италијанските медиуми тврдат дека состанокот поминал успешно за „росонерите“ кои само ги зацврстиле пријатските односи со Реал Мадрид.

На средбата било разговарано за неколку фудбалери на „кралскиот“ клуб, со оглед на фактот што Реал прави реконструкција на тимот, па на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата.

Медиумите пишуваа дека Милан е заинтересиран за Иско, но тоа е „невозможна мисија“ за италијанскиот гигант во овој момент.

Главна тема на состанокот бил Дани Себаљос, за кого Милан покажува голем интерес. Реал е спремен да го пушти играчот на позајмица, но со задолжиетелн откуп следното лето за 40 милиони евра.

Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок е средниот ред, па на состанокот било разговарано и за Матео Ковачиќ, кого Бобан сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан се распрашувал уште за Борха Мајорал и Маријано Дијас, фудбалери за кои Реал е спремен да ги пушти на позајмица, но не се приоритет за „росонерите“.

„Имаме добри вести за тренерот Џампаоло. Оптимист сум“, изјави Малдини по враќањето од Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…